Новиот селектор на англиската фудбалска репрезентација Фабио Капело капитенската лента на пријателскиот натпревар против Швајцарија на 6 февруари на Вембли ќе му ја дада на Стивен Џерард. Но, тоа не значи дека играчот на Ливерпул е дефинитивно новиот капитен – Џон Тери, кој досега ја носеше лентата, е повреден и нема да игра против Швајцарците, а Џерард беше негов заменик и за времето на Стив Мекларен.

Капело го скуси својот список на репрезентативци за седум играчи. На него веќе ги нема: Емил Хески, Ледли Конг, Кертис Дејвис, Глен Џонсон, Ники Шорт, Мајкл Карик и Стјуарт Даунинг, кои првопитно беа меѓу 30-те имиња.

– Играчите кои не се најдоа во составот се уште се во моите планови. Ќе ја следам формата на секој од нив одблизу, бидејќи работам за иднината на екипата и за натпреварите што ќе ги почнеме во септември, изјави Капело.