x

Џенова ја враќа „атомската мравка“ во Серија А

giovinco

Италијанска Џенова е во напредни преговори со Себастијан Џовинко околу негово враќање вна Апенините. Тимот на нашиот Горан Пандев кој годинава „на мускули“ обезбеди опстанок во Серија А ќе се обиде да ја врати „атомската мравка“ во лигата.

Не е тајна дека 33-годишниот италијански фудбалер сака да се врати во својата татковина. Тој ја напушти Италија за да заигра во Торонто во 2015 година, а неодамна беше во Саудиска Арабија во дресот на Ал Хилал.

Неговиот договор со клубот е до јуни 2021 година, но во Италија информираат дека лесно може да се постигне договор. Парма е заинтересирана и за Џовинко, но според Алфредо Педула, Џенова е најблизу до него.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата