x

Џенова со Пандев настрада во градот на вештерките, победи на Милан и на Интер

genova

Џенова никако да „живне“. Екипата тоне ли тоне и ако не се преземе нешто под итно ќе заврши во втората италијанска лига. Денеска Џенова претрпе пораз на гостувањето во Беневенто со 2:0 со головите на Роберто Инсиње во 57 минута и Сау во 88 минута од пенал.

Веднаш по првиот гол на Беневенто тренерот Роландо Маран направи тројна измена, а меѓу нив беше и Горан Пандев. Сепак, македонскиот капитен беше немоќен да спречи пораз. Тој претходно паузираше поради повреда.

Џенова е претпоследна со седум бодови, има осум порази и само една победа по 13 одиграни кола.

Милан го сочува првото место на табелата по победата над Сасуоло во гости со 2:1. Рафаел Леао постигна гол во 6-тата секунда за водство на „росонерите“, во 9-тата минута на Чаланоглу му беше поништен гол поради офсајд, но затоа прецизно гаѓаше Салемакерс во 26 минута за убава предност на миланската екипа. Во вториот дел домашните дадоа гол во 90 минута преку Берарди и немаа време за да спасат бод.

Падна рекорд во Серија А: Милан даде гол во шестата секунда! (видео)

Неговиот градски ривал Интер исто така победи. На „Меаца“ настрада Специја со 2:0. Двата гола паднаа во второто полувреме, а ги дадоа Хакими и Лукаку од пенал.

Каљари и Удинезе одиграа 1:1. За гостите последните 12 минути ги одигра Илија Несторовски.

Во попладневниот термин Торино и Болоња одиграа 1:1.

ГОЛОВИТЕ ОД МЕЧОТ ИНТЕР – СПЕЦИЈА

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата