Ѕвездата од „Пријатели”, актерката Џенифер Анистон (50) разговараше со познатата водителка Елен Деџенерес (61) за соблекувањето. Таа истакна дека сака да биде гола и дека нема од што да се срами, дури ни во педесеттите години. Елен на публиката ѝ ги покажа фотографиите на кои Џенифер неодамна позираше во топлес за магазинот „Харперс базар“.

Додека публиката ја гледаше фотографијата на актерката во топлес, Елен ѝ поставуваше прашања.

„Гледам дека уживате да бидете гола”, заклучува Елен додавајќи дека се гледа дека актерката се грижи за својот изглед.

„Го сакам тоа. Не се срамам од тоа, и мислам дека никој не треба да се срами“, ѝ одговори Анистон.

извор: Makfax