Џенифер Лопез две недели само слави! Пејачката минатата недела го прослави својот 50 роденден, а сега го одбележува и денот на раѓање на вереникот Алекс Родригез. 

За да го изненади саканиот дури и си го прекинала концертот. На бината го дочекала Алекс со огромна торта со бројот 13 – неговиот број на дресот додека беше активен бејзбол играч. Таа во еден глас со публиката на Алекс му го честитала 44 роденден, а на бината им се придружиле и нивните деца. 

„Денес и секој ден те славам тебе, љубов моја. Ти си посебен, мој ураган и мој мир среде бура. Ти благодарам што си божествено светло во мојот живот“, му рекла пејачката.