Американскиот гигант „Џенерал Моторс” (ГM) ќе претрпи еднократен трошок во висина до 4,5 милијарди долари поради продажба на својот европски сектор на француската ПСА.

Покрај продажбата на автомобилските брендови во Европа, „Опел” и „Воксхол” и на својот финансиски сектор, за вкупно 2,2 милијарди евра, ГM ќе има сметководствен трошок од 4 до 4,5 милијарди долари поради подмирување на пренесените обврски за пензии и одложените даночни средства.