Џена Џејмисон роди близнаци
Една од најпознатите порно актерки Џена Џејмисон на мајсторот на боречки вештини Тито Ортиз му роди два сина. Портпаролот на Џена, која зад себе има два брака и досега немала деца, потврдил дека мајката и бебињата се добро и дека и поранешната порно ѕвезда и нејзиниот дечко се пресреќни.
Иако 35-годишната Џена пред Тито била двапати во брак, со двајца порно актери таа досега немаше деца. Две години помладиот Тито, пак, од претходниот брак го има синот Џејкоб. Инаку, Џена открила дека иако покрај Тито се смирила не планира да застане пред матичар. “Мислам дека ќе останам немажена и само ќе раѓам деца. Одам по стапките на Анџелина”, рекла своевремено Џена.