Капитенот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Микел Артета, му даде јавна подршка на тимскиот колега Џек Вилшир кој заработи нова повреда поради која ќе мора да отсуствува и во следните три месеци.

Џек за жал имаше многу тешки мменти во кариерата, но покажа дека има карактер и ентузијазам да се врати на таренот. Поседува огромен талент и на сите во клубот им е жал што поради повредата „го става на мирување својот талент”. Му претстои неверојатна кариера и мислам дека ја имаме одговорноста да не дозволиме Вилшир да падне со духот, изјави Артета.