Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска објасни дека е добро да се донесе Законот за одбрана, но оти тоа може да се случи до официјалниот прием на земјата во Алијансата.

Нема последици ако не се донесе Законот за одбрана додека не сме формална членка на НАТО. Во законот и онака има клаузула дека стапува во сила од формалното членство во НАТО, објасни Џафери.