Џастин и Камерон ќе се венчаат
Поп-ѕвездата Џастин Тимберлејк следниот викенд ќе се ожени со Камерон Дијаз. Церемонијата, што тие ја планирале со месеци и ја чувале во тајност, која, веројатно, ќе биде настан на годината ќе се одржи в сабота во хотелот “Ду Кап-Ферат”, во Ница. Извори од хотелот велат: “Се е резервирано за специјалниот настан што ќе се случи викендов. Тие го резервираа целиот хотел”. Џастин и холивудската ѕвезда Камерон се вљубиле во “местото на случување” минатата година за време на канскиот фестивал. Извор близок до двојката рекол” Џастин и Камерон се навикнати да живеат пред очите на публиката, но навистина сакаа да се венчаат далеку од очите на јавноста. Знаеја дека доколку тоа го сторат во ЛА се ќе се претвори во медиумски циркус.” Инаку, на церемонијата треба да присуствуваат само нивните блиски пријатели и семејството. Годинава, филмскиот фестивал започнува на 11 мај, а изворот додал: “Тие знаеја дека ѕвездите од целиот свет ќе долетуваат за фестивалот и дека луѓето нема да поставуваат премногу прашања”. Џастин (24) и Камерон (32) излегувале две години, време за кое имале куса пауза и тоа поради Камерон, која сметала дека Џастин е премлад за неа.