Празничната фотографија на „Инстаграм“ на актерот и пејач Џаред Лето (48) ги израдува неговите следбеници, особено женскиот дел. Тој ја соблече маицата, стави капа на Дедо Мраз и на сите им посака среќен Божик.

Фронтменот на групата „30 секунди до Марс“ го привлече вниманието на јавноста на почетокот од оваа година поради сличноста со Исус, долгата коса и брада. Сега едноставно се соблече и на социјалните мрежи се појавија редица позитивни коментари за неговиот изглед.

„Среќен Божик и новогодишни празници“, напиша Џаред под фотографијата.

извор: Makfax