Џаред Лето бил изненаден кога се вратил од изолацијата во која ги поминал последните 12 дена.

„Почнав тивка медитација во пустината пред 12 дена“, ја почнува својата објава 48-годишниот оскаровец откривајќи дека не знаел за пандемијата на коронавирус.

View this post on Instagram

❤️

A post shared by JARED LETO (@jaredleto) on

„Бевме целосно изолирани. Без телефони, без комуникација… Не знаевме што се случува надвор од нашето сместување… Вчера влегов во еден поинаков свет. Светот што засекогаш е променет“, продолжил тој изненаден.

Добивам пораки од пријатели и семејства од целиот свет и сфаќам што се случува. Се надевам дека сите сте добро. Им праќам позитивна енергија на сите“, напиша тој на социјалните мрежи.

извор: Makfax