Црномурестиот фудбалер на англискиот второлигаш “Гилингам”, Дарен Бајфилд, има голема, голема причина за славје. Неговата девојка, супер атрактивната и една од најпопуларните британски и светски поп-пејачки, Џамелија, завчера му соопштила дека е во блажена состојба. Британските медиуми пренесуваат дека вљубената двојка екстатично ја прославила оваа прекрасна вест, а истото го потврдил и нејзиниот портпарол: – Тие се пресреќни, а раѓањето на бебето го очекуваат во октомври. Џамелија и Дарен се вљубиле минатото лето на свадбата на еден заеднички познаник, но портпаролот, меѓу другото, изјавил и дека засега немаат сопствени свадбени планови. Инаку, животната приказна на Џамелија (24) е прилично потресна и драматична. Таа, на 18 години ја родила ќерката Теја, од својот прв брак, а големиот хит “Благодарам”, всушност е порака до бившиот сопруг, со кого се развела поради неговото насилно однесување. Од другата страна, нејзиниот полубрат Тафарва Бекфорд, неодамна беше ослободен од обвинението дека убил две девојки на Новогодишната журка, додека вториот полубрат, Каиро Бекфорд отслужува доживотна робија за убиство, извршено во улична пресметка.