Душко Локин, познат хрватски пејач, ја растажи јавноста кога пред неколку дена призна дека немал пари за четири зимски гуми и дека поради тоа не можеше да појде да се збогува со својот покоен пријател на кој му беше и менаџер Крунослав Кичо Слабинац.

– Тоа беше извадено од контекст. Реков дека сум во Задар, дека поминав 70 години и дека спаѓам во ризична група, и на секој собир, дури и на погреби, се собираат 200, 300 луѓе и не сакав да ризикувам. Јас исто така реков дека имам четири нови зимски гуми во мојата гаража во Загреб. Немам пари да фрлам, но имам пари за гуми. Задоволно живеам и скромно – објасни Душко во новата изјава.

Сега тој вели дека ако продолжи вака, наскоро ќе јаде леб и млеко.

– Ако се прошири оваа пандемија, не останува ништо. Без турнеја, а е се плашам дека нема да има ни пензија, без разлика колку е мала. Многу опасна и непријатна ситуација што изегува од контрола. Јас не сум склон кон теории на заговор, но ако ова е навистина голем светски заговор, нема помош за нас. Нема да умрам од глад, но ќе јадеме сув леб и млеко. Ќе сечеме кромид како порано и ќе мачкаме маст  на леб, како кога бев дете – рече Локин