Легендата на македонскиот ракомет Пепи Манасков, кој речиси 25 години беше на спортската сцена и кој остави траен белег на домашна и на меѓународна сцена во повеќе екипи, од новата сезона е пред нов предизвик. Пепи прифати, по неочекуваното заминување на Србинот, Јовица Цветковиќ од кормилото на македонскиот првак Металург да седне на “жешкатаè клупа и да ја води екипата кон нови повисоки дострели. Предизвикот е голем, но и искуството на Манасков е огромно, настапуваше во Вардар, Пелистер, во Франција, Германија, Словенија… Двапати играше во финалето на ЛШ со Целје.
По сефтето на клупата на Металург на реваншот од ЛШ во Брага, каде со младиот тренер Андон Бошковски направија подвиг, Манасков и официјално е тренер на нашиот шампион
– Она што го направивме во Брага е добар репер за уште подобра соработка на релацијата играчи – управа – стручен штаб. Амбициите на клубот се познати. Како лани, да се освои првенството и Купот на Македонија. Преку суперлигашките натпревари ќе го гради и стилот на игра на екипата за што подобро претставување во Европа, вели Манасков и додава: ” Нема да има промена во играта, туку само детали. Зашто деталите носат резултати. Што се однесува до групата, во ЛШ, таа е “атомскаè. Се европски великани. Чест ми е што ќе ја водам екипата против такви противници и морам да кажам дека ќе се обидеме максимално да извлечеме што подобри резултати, но и да учиме од нив” , додава Манасков . (В.П.)