Во дел од анонимни писма испратени до министерот му се закануваат со порака дека ќе го “стрпат во гепек”, дека ќе му го “отрујат семејството”, како и тоа да “запамети кога последен пат ги видел синот и ќерката”.

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ секојдневно добива анонимни писма со најстрашни закани. Му се закануваат со смрт, труење… а на удар се неговиот син Лука и ќерка Андреа.

Некои од пораките се толку морбидни што неговите соработници одбегнуваат да му ги покажат. Досега имал добиено позамашен број на закани.