Вчера беше приведен убиецот на Гоца и Макс – двете кучиња од населбата Аеродром, кои беа крвнички убиени со секира во септември годинава.

Станува збор за 17-годишниот Г. С., а бил приведен кога полицијата го идентификувала од снимките на околните камери на кои се гледало како тој ги убива кучињата.

Крвавиот настан се случи во септември годинава кога утрината жителите од Аеродром на булеварот АВНОЈ ги пречека ужасна слика на искасапени кучиња.

Од МВР известуваат  дека вчера во 17 часот, полициски службеници на СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода го привеле Г.С.(17) од Скопје поради тоа што на 15.09.2019 во парк на ул. „АВНОЈ“ во Скопје со тврд предмет измачувал и усмртил две кучиња.

Со него бил извршен разговор и по целосно документирање на случајот ќе му биде поднесена кривична пријава по член 233 од Кривичниот законик“, велат од Министерството за внатрешни работи.