x

Ќе се спасат од испаѓање затоа што противникот им се заразил со коронавирус

Натпреварот од 29. коло од руската Премиер лига меѓу Тамбов и Сочи е откажан затоа што девет играчи на Сочи се заразени со коронавирус. Тој мече требаше да се игра денеска, но најновите случувања го пореметија планот. Од Сочи чекаат инструкции од Федерацијата и Министерството за здравство но се чини дека ќе бидат испратени во карантин во Нижни Новгород.

Но дополнително, судбината на мечот ќе биде одлучена на состанокот меѓу дисциплинската комисија и контролорот на Федерацијата на 20 јули. Информациите кои кружат во јавноста се дека тие ќе му доделат на Сочи технички пораз од 0:3 односно трите бода ќе заминат на контото на Тамбов кој со такво сценарио би се спасил од испаѓање.

Ако тоа биде потврдено, Тамбов ќе има 31 бод и ќе опстане во Премиер лигата, а ќе испадне Крила Совјетов од Самара кој е зад нив со 28 бода на едно коло до крајот.

И да завршат со исто поени на крајот Тамбов е во предност поради подобриот скор во меѓусебната пресметка.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата