Како што информираат од Општината ќе се интервенира по целата должина на улицата од 350 метри. Коловозот ќе биде широк шест метри, со тротоари од обете страни и со широчина од метар и половина.

Општина Карпош, за асфалтирање на улицата „Јуриј Гагарин” број 6 од својот буџет обезбеди 4.449.962 денари. Изведувач на градежните работи е фирмата „Ескаватори-МК”, а надзорен орган е фирмата „Урбан Стил Инженеринг”.

Во рамки на улицата, се предвидува и ново партерно уредување, вклучувајќи нови клупи и современо осветлување. За партерното уредување, локалната самоуправа издвои 3.753.068 денари.

Изведувач е фирмата „СМ Компани”, а за надзорот ќе биде одговорна фирмата „Карапанчевски Компани”.