Уго во јануари ја загуби девојката Едина Карваљо, која минатите две години се бореше со лошата болест, но не успеа и почина. Кога на младата професорка по физичко во 2013 година и беше дијагностициран рак, виеира играше во Шпанија за Спортинг Хикон. Но, веднаш се врати во Португалија со цел да биде заедно со својата сакан и потпиша за Жил Висенте.

Кога Едина ја загуби битката, фудбалерот не ја криеше својата тага.

-Живото ми го зеде највредниот трофеј. Дел од мојот живот заврши. Таа најдобро ме разбираше и ме промени . Беше љубовта на мојот живот и причина за моето постоење , напиша Уго на својот продил на социјалните мрежи Истаграм, Фејсбук и Твитер.

Времето поминуваше, но болкатан а Виерија не престануваше.

-Константно ми недостасува. Мирисот, насмевката, нашите места … Носталгијата ме гуши.
Знам дека болката еден ден ќе стане историја. Но, јас ниту по шест месеци не можам да го објаснам силното чувство. Те сакам принцезо моја и се што правам правам за тебе, напиша Португалецот на Истаграм.

Уго со Црвена звезда потпиша двегодишен договор и го задолжи дресот со број 70. Последниот клуб во кој играше беше московскиот Торпедо.