Британските медиуми открија дека новиот шампион на Англија, тимот на Челзи, планира да ангажира дури шест нови фудбалери за време на летниот преоден рок.

Предводникот на лондонските “сини”, Антонио Конте, сака во новата сезона да ги има на располагање услугите на Ромелу Лукаку и на Вирџил ван Дајк, а клубот ќе се обиде да ангажира и нов игра за врска.

Новиот шампион на Англија ќе мора да пронајде замена и за бразилскиот интернационалец Вилијан, кој сигурно ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.