Министерството за здравство ги потврди информациите дека се планира ревидирање на пакетот здравствени услуги кои пациентите ги добиваат бесплатно или со партиципација по основ на здравствено осигурување. Образложението за ваквиот потег, кој од Македонија го бараат и ММФ и Светската банка, во Министерството го гледаат во фактот дека обемот на правата не е сообразен со финансиските можности на фондовската каса и дека особено болничкиот пакет-услуги е практично неограничен, не само во “големината”, туку и во тоа каде се може да се лекува на товар на Фондот за здравствено осигурување. Здравствените власти веќе размислуваат за воведување дополнително здравствено осигурување, со кое ќе следува и поголем пакет здравствени услуги. (МИА)