x

Ќе има шанса за одмазда: Ковач кандидат за клупата на Борусија Д.!?

Ќе добие ли Нико Ковач брза шанса за одмазда против неговиот поранешен тим Баерн Минхен кој го смени пред две недели? Според „Билд“, Хрватот е еден од кандидатите за превземање на клупата на „лутиот“ ривал на „Баварците“, тимот на Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ би можеле да добијат нов предводник, и тоа многу брзо, со оглед на слабиот старт на „жолто-црните“ во Бундеслигата. Пресуден ќе биде мечот против Барселона, евентуално оној против Херта на гостински терен, по што Фавре би можел лесно да стане поранешен.

Инаку Ковач се поврзува и со тренерското место во Херта.

Според „Билд“, има уште тројца кандидати. Тоа се Ралф Рангник, Роџер Шмит и Маурисио Покетино.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата