x

ЌЕ ИМА НОВ ДОГОВОР: Лацио седнува на маса со Инзаги за нова соработка

Лацио до крајот на сезоната ќе се обиде да го продолжи договорот со тренерот Симоне Инзаги, пишува „Кориере дело Спорт“.

Според изворот, до крајот на сезоната раководството на римскиот клуб планира да одржи состанок со Инзаги на кој ќе се разговара за продолжување на договорот. Сегашниот договор на тренерот со Лацио трае до крајот на следната сезона.

Доколку римскиот клуб оваа сезона успее да ја освои италијанската титула, Инзаги ќе добие бонус од 500.000 евра. Деновиве во Италија засилено се шпекулира дека агенти на ПСЖ и Барселона веќе го барале телефонски Инзаги за да видат дали тој планира да остане во Рим и следната сезона и дали има реални шанси да го добијат неговиот потпис на договор со нив.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата