x

Ќе играат во Лига Европа, а спонзор им е банка за сперма!

Интересна вест од Австрија. Имено ФК Хартберг, кој доаѓа од истоимениот град кој има само 6.700 жители, во наредната сезона ќе ја претставува својата земја во Лигата на Европа. И тоа не е така чудно, иако овој клуб доаѓа всушност од село, туку почудно е тоа кој му е спонзор, или еден од спонзорите. А тоа е банка за сперма, како што убаво се гледа на дресот на еден фудбалер на Хартберг. Оваа екипа ја победи славната Австрија Виена во финалето на плеј – офот за пласман во Европа. Има стадионче кое собира само 4.500 гледачи.

Секако дека ќе биде интересно да се проследат настапите на Хартберг.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата