Ќе градиме мост Пељешац – копно
“Ја почитуваме БиХ и ја сметаме за наша пријателска земја, но исто така го почитуваме правото на Хрватска да ги споиме со мост тие две наши територии”, изјави за изградбата на мостот Пељешац – копно хрватскиот премиер Иво Санадер, на прославата на 17-годишнината на огранокот на ХДЗ во Оребиќ. Со тоа, смета тој, ќе се ревитализираат Пељешац, Корчула, Ластово и целиот хрватски југ. Последниот ден, пак, од посетата на тричленото Претседателство на БиХ и состанокот на меѓудржавниот совет на Хрватска и БиХ ќе остане забележан по молкот на хрватскиот претседател Стипе Месиќ на присвојувањето на Голем и Мал Шкој од страна на претставникот на БиХ, Небојша Радмановиќ. “Ние мислиме дека е тоа територија на БиХ. Со тоа е поврзана и изградбата на мостот преку Пељешац”, е ставот на Радмановиќ. Молкот на Месиќ е прокоментиран како согласување со него.