Меѓу политичките “олдтајмериè од времето на Горби најавено е доаѓањето на Џорџ Буш-постариот, Маргарет Тачер, Лех Валенса, Хелмут Кол, Ханс Дитрих Геншер, Џеимс Бејкер, Ролан Дима, Шимон Перес и други

За најавената фешта во јадранското летувалиште Примоштен, каде некогашниот советски лидер Михаил Горбачов од 29 овој месец до први октомври, ќе го прослави 75. роденден и 20-годишнината од создавањето на Перестројка, се предвидува доаѓање на голем број светски екс-лидери.
Меѓу политичките “олдтајмериè од времето на Горби најавено е доаѓањето на Џорџ Буш-постариот, Маргарет Тачер, Лех Валенса, Хелмут Кол, Ханс Дитрих Геншер, Џеимс Бејкер, Ролан Дима, Шимон Перес и други. Гостите ќе бидат сместени во хотелот “Зораè, кој многу му се бендисува на славеникот, а централната прослава ќе се одржи на 30 навечер, која е предвидено да биде гламурозна и во рангот на славеникот и гостите. Секако, важно е да се соопшти и кој го плаќа сето тоа? Горбачов сигурно не, а спонзори од втор план се Американците.
Од тука и произлегува мотото на средбата кое убаво го изрекламира и “Тајмсè. Намерата е на едно место да се соберат сите “актери на големиот светски потфат: распадот на СССР и Варшавскиот блокè. Мотото на загарантираниот гламур е типично американско: на една таква “рилексè средба светските “олдтајмериè ќе ги откриеле тајните како го замислиле и спровеле целиот трилер околу Перестројката.