Отворањето на архивата на Државната безбедност и објавување на имињата на кодошите, ќе биде еден од првите потези на кандидатот на Српското движење за обнова, Даница Драшковиќ, ако биде именувана за директор на Институтот за безбедност. Според Драшковиќ, која ова го изјави за весникот “Данас”, ваква акција е спроведена и во Источна Германија, Полска, Чешка и Унгарија. Во врска со можен коалиционен договор, или заеднички став на српската Влада по повод отворање на архивите, Драшковиќ вели дека “тоа не ја интересира”. (МАКФАКС)