Ќе војуваме за Косово!
Заменик-претседателот на Српската радикална странка Томислав Николиќ порачува дека радикалите се подготвени и со оружје да го бранат опстанокот на Косово во рамките на Србија.
“Запад мора да биде свесен дека Србија ќе реагира доколку се прогласи независност на покраината. Ќе реагираме на сите можни начини. Ќе војуваме против Албанците. Тие велат дека се подготвени, па затоа и ние треба да бидеме подготвени. Не повикувам никој да војува против Албанците, но јас ќе одам” – додава Томислав Николиќ.