Додека Италија, Малта, па дури и Либија, ги затвораат своите крајбрежни градови под изговор на падемија, напнатоста и гужвата во Сицилијанскиот канал расте.

Само во последните денови трговци на луѓе тргнале од Африка, најчесто од брегот на Либија, во дваесетина бродови и гумени чамци со околу 1.000 мигранти, но од нив 500 вратени се назад во Либија, додека судбината на некои во други пловила останува непозната.

– Полека умираме, ве молиме, не не оставајте сами, спасете не… е една од пораките кој “Alarm Phone”, телефонска централа, како дел од хуманитарен проект каде што мигрантите праќаат смс порака за помош и спасување, ги добивала и објавувала.

Од бродот “Alan Kurdi”, сопственост на хуманитарна организација, кој неколку дена плови со 150 луѓе, испраќаат апел за помош бидејќи останале без храна, а и горивото им било на минимум.

Друг брод со 66 луѓе, кој бил во близина на малташкиот брерг е спасен епосле 40 часа откако побарал помош.

Некои од преживеаните рекле дека оружени сили на Малта се обиделе да им го пресечат кабелот на моторот.

 “Ќе ве оставиме да умрете во вода. На Малта никој нема да стапне – им рекле, тврди еден спасен мигрант.