Александра Пријовиќ, освен што евидентно ослабела откако се породила, прв пат пред два дена ја прошетала својата става поради која многумина се вртеле, покажувајќи дека стилот и е доведен до перфекција.

Имено пеачката прв пат после породувањето се појавила на Саем каде настапила во рамки на фестивалот “Влез“, а како што се дознава, Александра се потрудила да блеска.

Целиот стајлинг кој таа вечер го носела чинел 10.000 евра. Иако за брендовите не сака да зборува јавно, како ни за бројките, пеачката вложила доста многу за нејзиниот настап.

Сакото е креирано од позната светска компанија, а само сакото од Александар Маквин чинело 8.000 евра, додека чизмите марка Џузепер Заноти чинеле 2.000 евра.

Дека трудот околу изгледот и самиот настап доста и се исплатил доказ е огромниот аплауз кој пеачката го добила штом зачекорила на бината.