Што се случува ако премногу брзо се вратиме во нормалниот живот? Треба ли да се даде приоритет на здравјето или економијата? Ова се некои од прашањата што ги слушнавме последниве денови откако голем број на земји започнаа да ги ублажуваат рестриктивните мерки преземени за борба против корона вирусот. Сега можеме да бараме одговори во пандемијата на шпанската треска што го парализира светот во 1918 година.

Бројни студии покажаа дека регионите кои презедоа рестриктивни мерки порано и ги задржаа подолго, имаат помалку смртни случаи, но нивните економии исто така се опоравија побрзо. Накратко, подолгите мерки се корисни и за здравјето и за економијата.

Ова најдобро може да се види од примерот на Америка, каде што, како и сега, се применуваа различни правила во различни држави.

Студијата од 2007 година на американски лекари и историчари на медицина, Хауард Меркел, Харви Липман и Александар Наваро, покажа дека Сент Луис, Денвер и Сан Франциско во 1918 година ги усвоиле мерките за социјална оддалеченост, што го забавиле првиот бран на епидемијата. Сепак, сите три града ги олабавија мерките рано и наскоро се соочија со друг удар. Во тоа време тие се обидоа да ги вратат мерките, но беше предоцна.

Сан Франциско предвреме прогласи победа, за само 5 недели, со тоа што луѓето излегоа на улиците и славеа со отстранување на маските. Неколку недели подоцна, бројот на случаи започна да се зголемува. Властите се обидоа да ги вратат мерките, но граѓаните беа фрустрирани и се спротивставија на наредбите.

Њујорк од друга страна, рано ги воведе изолационите и карантинските правила и ги одржуваше сè додека стапката на смртност повторно не стане многу ниска. Градот се соочи со само еден бран на епидемија, а целокупната стапка на смртност беше меѓу најниските во земјата.

Она што е важно е дека ограничувањата во Њујорк беа за половина пократки од оние во Сент Луис и Денвер, каде борбата со вториот бран траеше дури и малку подолго отколку со првиот.

Сето ова им овозможи на граѓаните од Њујорк рано да се вратат на своите работни места и да започнат со „парализирана економија“.