x

„Ќе биде тешко да се гледа Вардар во домашното првенство“

Вардар е во центарот на вниманието. Иднината на македонскиот и европски првак е неизвесна, никој не знае што ќе се случи, дали некој ќе им подаде рака на „црвено-црните“…

Додека трае коронавирусот Сташ Скубе и официјално беше промовиран како ново засилување на Мешков Брест. Словенецот беше еден од оние ракометари кој сакаше предност да му даде на Вардар, но ситуацијата се чини е потешка од што изгледа.

За македонскиот тим говореше и Веселин Вујовиќ, според кого македонскиот првак ќе се врати години наназад.

„Веќе ниту еден сериозен играч нема да дојде во Вардар. Пак ќе се врати времето кога некој како мене ќе биде тренер на Вардар, кога таму ќе играат играчи кои не се познати и доаѓаат од Србија, Хрватска и Црна Гора. Едноставно ќе биде тешко да се гледа Вардар со тимови од домашното првенство, а претходно навивачите биле навикнати да гледаат дуели со Барселона. Сепак Вардар има армија на навивачи, сигурен сум дека ќе добие поддршка од нив“, изјави Вујовиќ и додаде:

Вардар навистина стана европски шампион, поточно два пати ја освојуваше Лигата на шампионите. Морам да кажам ретко кој може да се пофали со ваков успех, но и не можам да заобиколам, а да не кажам дека може да го снајде судбината на Кометал.

Според мене само еден човек може да го спаси, а тоа е Михајло Михајловски. Прашање е колку е способен и колку сака да се нафати на такво нешто. Самсоненко вложи многу пари, направи многу работи, тоа ќе остане засекогаш, но лошо е што истовремено покажа дека во ракометот многу брзо се оди нагоре, а во исто време и брзо се симнуваш надолу“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата