-Има ли значење кој ќе победи и кој ќе загуби? Подеднакво ќе ни платат. За мене не е важно кој ќе биде победник. Освен тоа, веќе го направив невозможното, откако го победив Кличко. Дури и сега да ме нокаутира за десет секунди, пак ќе бидам среќен, изјави Фјури.

Украинецот смета дека владеењето на Тајсон Фјури во тешка категорија ќе биде едно од најкратките во историјата.

-Загрижен сум што му го дадов подиумот за докажување на Фјури. Ќе го завршам неговото царување на 9 јули, рече Кличко.

Британецот ја освои титулата во ноември минатата година, откако во 12 рунди на поени го совлада долгогодишниот светски шампион. Реваншот е закажан за 9 јули во Манчестер.