x

Ќерката на Коби Брајант постхумно избрана за пик на драфтот во ВНБА

Џиана Брајант, Алиса Алтобели и Пејтон Честер, кои загинаа во хеликоптерската несреќа во февруари оваа година заедно со легендата на НБА Коби Брајант, се избрани за пик на драфтот во женската професионална НБА лига (ВНБА).

„Ова беше остварување на нејзиниот сон“, рече Ванеса Брајант, мајката на Џиана.

„Коби и Џиџи ја сакаа женската НБА. Ви благодарам. Сакам да им честитам на сите кои годинава се пик на драфтот. Честитки. Работете напорно, одете по менталитетот на Мамба“, рече Ванеса.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата