Американската сојузна држава Њујорк сега има повеќе заразени со коронавирус од која било земја на светот, не вклучувајќи ги САД.

Во Њујорк досега се потврдени 159.937 случаи на зараза, со што ги надмина Шпанија и Италија, но значително помал број на починати – 7.000. Кина, од каде што вирусот се прошири низ цел свет, досега има пријавено 82.000 заразени.

Додека пак САД се приближуваат до бројот – половина милион заразени со коронавирусот. Според референтните податоци од страницата на универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон, во САД има 455.445 случаи на Ковид-19 потврдени од 23 јануари, и 16.111 починати.

Во САД вчера беа регистрирани 20.518 нови случаи, и 1.326 смртни случаи само во текот на денот. Досега целосно закрепнале 24.562, 414. 769 се активни случаи, од кои 9. 813 се во критична состојба.