СДСМ и Алијанса за Албанците велат дека нема да поддржат проекти на кои би довеле до градежен пустош на струшкото крабрежје. СДСМ одат до таму што најавуваат и напуштање на коалицијата со Рамиз Мерко доколку работите итно не се променат. Токму со подршката на СДСМ, Рамиз Мерко доби градоначалнички мандат на локалните изборипренесуваАлсат-М.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=LnUGj-rVP6A autoplay:0]

„Коалицијата е заснована на заеднички интереси поврзани со интересот на сите граѓани, а не со лични интереси. Ако некој не се придржува до овие определби истата може да биде раскината. Ако изборот е помеѓу коалиција и градежен пустош немаме дилема, интересот на граѓаните е пред се. Нема да подржиме ништо што е спротивно на закон и нешто со што ќе биде загорзено охридското крајбрежје”, вели Николина Велковска, советник СДСМ Струга.

Од СДСМ велат дека на последната седница на градскиот совет побарале информација за случувањата на крајбрежјето на потегот од излезот на Струга до Калишта, но истата не им била доставена. Им било ветено дека ќе ја добијат на првата наредна седница.

„Ние како партија сме против урбанистичиот хаос не само на крајбрежјето на Охридското Езеро туки и во целиот град. Со новата локална администрација почна да се создава и еден урбанистички хаос. Ние како советници, и во советот баравме од општинскиот градежен инспектор да имаме извештај со работите кои се случуваат на крајбрежјето. Дали имаат дозвола или не”, изјави Имер Имери, советник Алијанса за Албанците

Дека се ниша коалицијата помеѓу СДСМ и ДУИ во Струга говори и фактот што на последната седница неколку важни точки не добија подршка тому од социјалдемократите, без чии што гласови е невозможно нивно носење. Алсат М се обиде да добие одговор за последните случувања и од првите луѓе во Струга. Но тие не одговараа на телефонските повици. И неколку еколошки здруженија денеска преку допис побараа од Владата во најбрз можен рок, не подоцна од 30 дена, да прогласи мораториум за сите крајбрежни и урбани трансформации на територијата на Охридскиот регион и да ги напушти одамна застарените концепти за развој кои јасно покажаа дека завршуваат со деструкција на најголемо национално природно богатство.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=LnUGj-rVP6A autoplay:0]