x

Јусуф Алпај нов играч на Кит Го

alpaj-jusuf

Подготвувајќи се за новата сезона, Кит Го го ангажираше досегашниот фудбалер на кратовски Силекс, Алпај Јусуф.

Овој фудбалер во следната сезона треба да го засили средниот ред на тимот од Пехчево, а Јусуф, кој е и поранешен фудбалер на Милано и Локомотива, минатата сезона запиша десет настапи за првиот тим на Силекс кој се избори за настап во Лигата на шампионите.

Претходно, Кит Го се засили и со четворица млади фудбалери од Брегалница, 21-годишниот голман Мартин Давков, 19-годишниот фудбалер од средниот ред, Марио Рунтев. како и 18-годишните Александар Алексов и Никола Митев.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата