Ноќта меѓу понеделникот и вторникот, од 24 до 02 часот, најпрометниот премин на хрватско-словенечката граница беше слободен за влез во Европската унија. Словенечкиот цариник во тој период спиеше! Звучи скандалозно, но вистинито, и е сосема спротивно на стандардните приказни за строгоста на граничните контролори на “дежелаè. Велат дека во тој период поминале голем број патници со преполни торби, како и авторот на оваа фотографија.