Претседателот на Европската Комисија во заминување, Жан-Клод Јункер (64), ќе биде подложен на операција на аневризма на 11 ноември, соопшти денес неговото опкружување.

„Претседателот Јункер ќе биде подложен на операција за третман на аневризма на 11 ноември“, рече неговиот неименуван портпарол, потврдувајќи ги информациите што кружат за неговата здравствена состојба.

Според опкружувањето на Јункер, претседателот на ЕК во заминување треба да лекува аортна аневризма откриена во абдоменот.

Јункер треба да закрепне до церемонијата на примопредавање на функцијата на Германката Урсула фон дер Лајен.

извор: Makfax