Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер нема да поднесе оставка на функцијата доколку граѓаните во Британија одлучат на претстојниот референдум државата да ја напушти Европската унија.

– Тоа е проблем на британскиот народ, наведе Маргаритис Шинас, портпарол на Јункер. Тој, на ден пред референдумот истакна дека Јункер не се ангажирал во кампањата бидејќи Комисијата „не била и не е дел од кампањата во Британија”.

Јункер претходно ја предупреди Британија дека гласањето за излегување од ЕУ би значело нанесување штета на себеси, но и загрозување се што Европјаните заедно постигнале.