x

Јуниорите на Херта го напуштија теренот поради расизам, се огласи и клубот

Скандал во јуниорската лига во Германија. Екипата на Херта до 16 години, се реши да го напушти теренот за време на натпревар против Ауербах во миговите кога беше 2:0 за тимот од Берлин.

Се јави и Херта на својата официјална интернет страница во која објави дека младите играчи се решиле на ваков чекор поради тоа што расно биле навредувани од своите противнички играчи.

„По консултации со судијата, решивме да го прекинеме натпреварот во 68.та минута. Ние како клуб го осудуваме расизмот и дискриминацијата во било која основа“, се вели во соопштението.

Претходно тренерот на Херта, неколку пати се пожалил кај судијата и делегатот, но залудно.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата