ЈУНЕШКО СО ПЕЧУРКИ
Потребно е:
80 гр сланина,
800 гр јунешко,
400 гр кромид,
лажица брашно,
2 лажици масло,
400 гр шапињони,
2 лажици маслиново масло,
3 лажици пире од домати,
500 мл црно вино,
250 мл јунешка супа,
лист лорбер,
лажица темјан,
2 чешниња лук,
сол,
бибер,
400 гр тестенина во вид на ленти.
Подготовка: Сланината се сече на коцки и се пржи на малку масло. Кога е готова се става на кујнска впивателна хартија да се исцеди. Јунешкото месо се сече на коцки и се пржи на маслото, во кое се пржела и сланината. Во тоа се додава доматното пире, виното и супата. Потоа се додава лукот, темјанот и лорберот. Се зачинува со сол и бибер, се поклопува и се вари околу 60 минути. Се трга тенџерето од огнот, на месото му се додава кромидот и брашното со маслото. Се вари отворено, без капак, еден час. Тенџерето се трга од огнот и се додаваат печурките. Повторно се поклопува и се вари уште 30 минути. Тестенините се варат во солена вода, се цедат и се мешаат со месото. Се украсуваат со зачини и се послужуваат.