x

Јунајтед на шопинг на “Камп Ноу“!

kamp-nou-prazen

Според Мудндо Депортиво, дури четворица играчи на Барселона, од кои дел се меѓу „отпишаните“, се трансферна цел на Манчестер Јунајтед. Станува збор за Иван Ракитиќ, Усман Дембеле, Артуро Видал и Самуел Умтити. Се шпекулира дека челниците на Јунајтед веќе стапиле во конталкт со Барса, но само за Дембеле и Умтити. Сепак сега, откако се знае дека Роналд Куман ќе биде новиот шеф, во “игра“ се и Ракитиќ и Видал. Е сега колку од ова ќе може Јунајтед да го купи, останува да се види. Иако реално е дека на сите четворица цената на трансфер – пазарот им е намалена, па така Хрватот би можел да дојде на “Олд Трафорд“ за само 20 милиони евра.

Инаку “ѓаволите“ го посакуваа како прва цел, Џејдон Санчо, младиот напаѓач на Дортмунд, но тој и дефинитивно не е достапен, па сега тие се свртеа кон Дембеле.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата