x

Јунајтед му „удрил“ мерак на Ди Лоренцо

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за десниот бек на Наполи Џовани Ди Лоренцо, пишува „Калчо Наполи“. „Црвените ѓаволи“ првпат го контактирале Наполи за овој 26-годишен Италијанец во текот на зимскиот преоден рок, но не постигнале договор, меѓутоа било решено преговорите да продолжат но ситуацијата со корона вирусот ја изјалови целата операција.

Сепак, летоска Јунајтед повторно ќе одат по италијанскиот репрезентативец (два настапи до сега), а според истиот извор, Наполи за него бара 30 милиони евра што е прифатлива сума за гигантот од „Олд Трафорд“.

Ди Лоренцо е екс-играч на Реџина, а во Наполи дојде во 2019 година од Емполи за 8 милиони евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата