x

Јунајтед го менува Солскјер, веќе има ја пикирано неговата замена

solskjer

Оле Гунар Солскјер може наскоро да добие отказ, пишува „Мирор“. Челниците на клубот го губат трпението особено по срамниот пораз од Тотенхем од 6-1. „Црвените“ ѓаволи во преодниот рок го донесоа и Едисон Кавани, но проблемот е одбраната, се мачат пред голот, имаат примено 11 погодоци, а норвешкиот стратег нема влијание на тимот.

Пред Солскјер следат тепки дуеки во следните месец дена игра против ПСЖ, Челзи, Арсенал, Лајпциг и Евертон, доколку не го поправи впечатокот ќе замине во историјата. Прв пик за тренерското место е Маурицио Покетино.

„Мирор“ тврди дека Аргентинецот ова лето одбил неколку понуди бидејќи чека понуда од голем клуб, неговата желба е да дојде на „Олд Трафорд“. Покетино е без работа по отказот од Тотенхем минатата година.

Солскјер во Јунајтед дојде како привремено решение во 2018 година, остана речиси две години.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата