Неделниот дерби натпревар од 16. коло во англиската Премиер лига, дуелот помеѓу најтрофејните, Манчестер Јунајтед и Ливерпул, заврши со убедлив триумф на “црвените ѓаволи” од 3:0.

До шестата победа во низа, избраниците на Луис ван Гал дојдоа со погодоците на Вејн Руни, Хуан Мата и на Робин ван Перси.

Голем удел во убедливиот триумф има и голманот на Јунајтед, Давид де Геа кој беше нерешлива енигма на Рахим Стерлинг и за Марио Балотели.