x

Јунакот Муса со порака: Дувњак е херој, играше со грчеви…Ви симнувам капа на сите!

Жељко Муса со погодок во самиот финиш од второто продолжение против Норвешка ја однесе Хрватска во битката за златен медал. Ова ќе биде трето финале за „коцкестите“ под водство на Червар играа во 2008 и 2010 година.

Во „Теле 2“ Арената се водеше вистинска битка, двата тима одиграа епско полуфинале, покажаа како се игра за својата земја, го потрошија целиот атом сила. На крајот среќата посака Хрватска да излезе како победник (28-29).

„Мора да превземеме одговорност, да се носиме до крај. Дојдовме да го добие секој следен меч, сега следно е златниот медал. Домагој е народен херој, секоја част, со грчеви играче 5-1 одбрана и потоа во напад. Им симнувам капа на сите во тимот, ова беше за Хрватска, навивачите, немаше да дојдеме до тука без нив. Ова е еден голем успех“, порака Муса.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата