Највисокиот суд во Јужноафриканската република ја легализираше употребата на канабис за возрасни лица на приватен имот.Одлуката е донесена едногласно. Меѓутоа јужноафричката влада се противи на легализацијата, тврдејќи дека ,,дрогата е штетна” за здравјето на луѓето.

Се започна кога тројца корисници се соочија со судење поради употреба на марихуана. Тие тврдеа дека забраната претставува ограничување на слободата на нивниот избор и навлегува во приватниот живот.

„Ако некоја возрасна личност користи или одгледува марихуана за приватни цели, тоа нема да биде земено како прекршок“, се наведува во одлуката на судот.

Меѓутоа, она што е незаконски е користењето на канабис во јавност, односно негова продажба.

Оваа пресуда е само еден потсетник за тоа дека уставот на Јужноафриканската Република е еден од најлибералните во светот, односно дека се бори за еднакви права на сите, во овој случај за право на одгледување и пушење на сопствена марихуан

извор: Makfax