x

Југослав Тренчовски: Уф, големи бодови против силен тим!

jugoslav-e1568387800915

Академија Пандев со гол на Кире Маркоски во 90.минута, и тоа пенал, успеа да го победи Силекс и да освои големи три бода. Ова беше натпревар од 7.коло во ПМФЛ, сега „пандевци“ не се веќе претпоследни, тоа место и го отстапија на Ренова.

Уф, тежок натпревар за нас од психолошки аспект. Се наоѓаме во ситуација да секој бод ни е неопходен, затоа им честитам на моите момци за оваа победа над силниот Силекс. Ова се големи бодови за нас. Сега не е важно како играме, туку како што реков мораме да почнеме да освојуваме бодови. Се надевам дека оваа победа ќе не крене уште повеќе за да на наредните натпревари играме се подобро и подобро“ изјави стратегот на “пандевци“ Југослав Тренчовски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата